Riyaz Khaliq
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Потенцијалната вакцина против коронавирусот, Ad5-nCoV, доби дозвола за ограничена употреба во Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вакцината е заеднички произведена од кинеската биофармацевтска компанија „CanSino Biologics Inc.“ и Институтот за биотехнологија при Академијата за воени медицински науки.
Вакцината доби одобрение за период од една година и може да се користи само за вработени во суштинските сектори, како што е Војската.
„CanSino“ во денешното соопштение вели дека вакцината Ad5-nCoV добила одобрение за клинички испитувања на почетокот на март.
Компанијата ги заврши фазата 1 и 2 од клиничките испитувања во Кина.
Кина досега има пријавено 83.512 случаи на коронавирусот и 4.634 смртни случаи.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, вирусот се рашири во најмалку 188 земји и региони во светот. САД, Бразил и Русија во моментов се најпогодени земји од вирусот во светот.
Пандемијата зеде над 501.000 животи во светот, над 10,14 милиони луѓе се дијагностицирани со вирусот, а повеќе од 5,14 милиони оздравеа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.