Addis Getachew Tadesse
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АДИС АБЕБА (АА) - Бројот на случаи на коронавирусот во Африка денес достигна 382.652, соопштија центрите за контрола и превенција на болести во Африка, пренесува Агенција Анадолиј (АА).
Најмалку 9.657 лица починаа од вирусот, додека досега се излекувани 182.569 пациенти, покажуваат најновите податоци.
Во регионот на Јужна Африка регистрирани се 143.600 случаи, во Северна Африка 96.400, Западна Африка 73.900, Источна Африка 35.800 и во Централна Африка 33.100.
Во Северна Африка вирусот зеде 4.100 жртви, во Јужна Африка 2.500, Западна Африка 1.300, Источна Африка 100 и во Централна Африка 716.
Најмалку 71.300 пациенти го победија коронавирусот во Јужна Африка, 40.400 во Западна Африка, 38.100 во Северна Африка, 16.500 во Источна Африка и 16.200 во Централна Африка.
Во однос на бројот на починати на африканскиот континент, Египет регистрираше 2.800 смртни случаи поврзани со вирусот, додека Јужноафриканската Република регистрираше 2.500.
Најмалку 565 пациенти починале во Нигерија, 572 во Судан и 313 во Камерун.