Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
26 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Продолжува високата стапка на смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 482 лица, во Мексико 665, во Колумбија 236, во Перу 51 и 55 во Чиле.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 482 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 190.488. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 22.967, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 7.448.560.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 6.459.335 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 665 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 9.679 новозаразени.
Во Мексико со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 121.837 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.372.243. Во оваа земја досега оздравеа 1.023.916 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Колумбија
Министерството за здравство на Колумбија соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 236 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 41.690.
Во истиот период детектирани се 14.941 лице позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.574.707. Во оваа земја досега оздравеа 1.430.709 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 51 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.020 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.005.546, од кои починаа 37.368 лица, а оздравеа 941.668 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 55 лица од вирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 16.358.
Во истиот период регистрирани се нови 2.521 случај на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 595.831, а оздравеа вкупно 565.002 лица претходно заразени со коронавирусот.