Sinan Doğan,Emel Gözellik
10 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.201 лице во Индија, 1.075 во Бразил, 611 во Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие поради Ковид-19 животот го загубиле уште 1.201 лице, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати од коронавирусот на 75.091.
Во последните 24 часа во Индија се детектирани 95.735 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 4.465.863.
Досега во оваа земја оздравеа 3.471.783 лица претходно заразени со Ковид-19.
Според податоците што ги објавува интернет-сајтот „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројката на регистрирани случаи на заразување со коронавирусот.
- Бразил
Според податоците што ги соопшти Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа животот го загубиле уште 1.075 лица како последица на заразување со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 128.539, додека вкупната бројка лица позитивни на коронавирусот изнесува 4.197.889, од кои 35.816 се новозаразени.
Државата Сао Пауло, трговски центар на земјата со околу 46 милиони жители, е најпогодената област во земјата. Во Сао Пауло регистрирани се 866.576 случаи со коронавирусот, а починаа 31.821 лице.
Во Бразил досега оздравеа 3.453.336 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа бројката на починати како последица на заразување со коронавирусот изнесува 611, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 69.095.
Во истиот период во Мексико се регистрирани 4.647 нови случаи на заразување со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 647.507.
Досега во Мексико оздравеа 454.982 лица кај кои претходно е детектиран Ковид-19.