Büşra Selvi Öğütcen,Sinan Doğan
02 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
БУЕНО АИРЕС / АНКАРА
Пандемијата на новиот тип на коронавирус последните 24 часа е причина за смртта на 1.215 лица во Бразил, 1.045 во Индија и 827 во Мексико, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Бразил, која е втора земја во светот најпогодена од пандемијата на новиот тип на коронавирус, последните 24 часа како последица на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 1.215 лица.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, вкупниот број на смртни случаи поради Ковид-19 изнесува 122.596, од кои 1.215 во последното деноноќие, додека вкупниот број на лица позитивни на вирусот изнесува 3.950.931, од кои 42.659 се детектирани во последните 24 часа.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 814.375 позитивни на коронавирусот и 30.375 смртни случаи.
Досега во земјата оздравеа 3.159.096 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Индија
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 1.045 лица починале како последица на заразувањето со новиот тип коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 66.333.
Во последните 24 часа детектирани се 78.357 лицe позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 3.769.523. Досега во Индија оздравеа 2.901.908 лица кои биле позитивни на Ковид-19.
Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во светот, Индија е трета земја во светот според бројот на детектирани случаи на заразување со Ковид-19.
- Мексико
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од последици на заразувањето со Ковид-19 животот го загубиле 827 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 65.241.
Бројката на лица позитивни на коронавирусот во Мексико изнесува 606.036, од кои 6.476 се детектирани во последните 24 часа.
Досега во оваа земја од Ковид-19 оздравеа 421.373 заразени.