Emel Gözellik
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
АНКАРА - Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ (AstraZeneca) објави дека поради влошувањето на состојбата на еден испитаник го запрела тестирањето на вакцината што ја разви против новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави фармацевтската куќа „AстраЗенека“ се истакнува дека се запрени тестирањата на вакцината бидејќи кај еден испитаник се појавила „необјаснива болест“.
Сајтот за здравство СТАТ (STAT) објави вест во која се наведува дека тестирањето на вакцината се спроведува во поголем број земји, додавајќи дека случаи на влошување на состојбата на испитаниците се појавиле и во Велика Британија.
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус, соопшти дека постојат голем број кандидати за потенцијални вакцини кои даваат надеж, информирајќи дека меѓу нив ќе се користат само оние за кои ќе се утврди дека се „ефикасни“ и „безбедни“.
Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, соопшти дека постојат од 6 до 9 вакцини за Ковид-19 во светот кои изминале долг пат во истражувањето, додавајќи дека една од нив е вакцината „Faz III“, која се наоѓа во фаза на клинички испитувања. Харис за периодот на започнување на вакцинирањето изјави: „Од аспект на реалната временска рамка, не очекуваме широкораспространето вакцинирање до средината на следната година.“