Emre Aytekin
09 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ФЕНИКС (АА) - Врховниот суд во сојузната американска држава Аризона го отфрли предлогот на раперот Кајне Вест да биде независен кандидат на изборите во ноември, пренесува Агенција Анадолија (Аа).
Врховниот суд предлогот го разгледуваше откако Вест поднесе жалба поради одлуката на нижиот судот за отфрлањето на предлогот и наведе дека во барањето кое пејачот го поднел не се наведени податоци за потписниците на кампањата и нивната определеност за политичка партија, поради што неговата пријава не е извршена на адекватен начин.
Врховниот суд со тоа ја потврди одлуката на нижиот суд и го отфрли барањето на Вест за кандидатура.
Вест на 7 јули соопшти дека поднел барање за регистрација во неколку сојузни држави и дека во одредени региони не е кандидат поради недоволниот број собрани гласови.