Mehmet Kara
06 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Маскоти на коронавирусот, кои прошетаа низ фреквентните улици на Истанбул, ги предупредуваа граѓаните што не се придржуваат на мерките воведени против ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Настанот што е организиран од платформата „Лутфен“ со маскоти на коронавирусот, ги насмеа жителите на Истанбул и попатно ги потсети на мерките против ширењето на коронавирусот.
Маскотите во специјални костими што потсетуваат на коронавирусот прошетаа низ Бејазит, Гранд Базар и другите прометни улици на градот.
Им приоѓаа на граѓаните што не носеа заштитни маски и не ја почитуваа препорачаната социјална дистанца.
Маскотите ги гушкаа лицата без маски, за да укажат на опасноста од ширењето на заразата. Им приоѓаа и на оние што пушеа цигари за да им упатат разни предупредувања.
За време на настанот, еден од трговците се пошегува со маскотите и ги бркаше со палка, што предизвика смеа кај присутните.
Членовите на платформатата „Лутфен“ носеа транспаренти на кои пишуваше „Вирусот е меѓу нас“, „Маската ќе ве заштити“, „Благодарни сме на медицинските работници“.