Sümeyye Dilara Çelik,Muhammet Tarhan
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
АНКАРА - Откако во кинескиот град Вухан за првпат беше забележан новиот тип коронавирус, тој за кусо време се рашири низ целиот свет. Досега овој вирус е детектиран кај најмалку 45.382.161 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со развојот на пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот, досега во светот од последици на коронавирусот починаа 1.187.029 лица.
Регистрирани се 45.382.161 лице позитивни на Ковид-19, а оздравеа 33.018.698. Во моментов активни се 11.176.434 случаи на коронавирусот.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот, 9.212.767 и најголем број смртни случаи, вкупно 234.177.
Земји во светот во кои, покрај САД, бројот на лица позитивни на Ковид-19 надминува 500.000:
Индија (8.088.851), Бразил (5.496.402), Русија (1.581.693), Франција (1.282.769), Шпанија (1.238.922), Аргентина (1.143.800), Колумбија (1.053.122), Велика Британија (965.340), Мексико (912.811), Перу (897.594), Јужноафриканска Република (721.770), Италија (616.595), Иран (596.941), Чиле (507.50).
Земји во светот во кои, покрај САД, бројот на смртни случаи надминува 10.000:
Бразил (159.033), Индија (121.131), Мексико (90.773), Велика Британија (45.955), Италија (38.122), Франција (36.020), Шпанија (35.639), Перу (34.362), Иран (34.113), Колумбија (30.926), Аргентина (30.442), Русија (27.301), Јужноафриканска Република (19.164), Чиле (14.118), Индонезија (13.701), Еквадор (12.622), Белгија (11.308), Ирак (10.815), Германија (10.435), Турција (10.099) и Канада (10.074).