Zehra Ulucak
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
АНКАРА
Повеќе од 290 илјади лица во светот ги загубија животите како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ постојано ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип на коронавирус во светот. Според последните објавени податоци, во светот како последица од заразеност со Ковид-19 починале 290.357 лица, а вкупниот број на лица кои се позитивни на новиот тип на коронавирус изнесува 4.309.084 лица.
Земја со најголем број на смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19 во светот е САД со 82.471 починат.
По САД следат В. Британија со 32.692, Италија со 30.911, Шпанија со 26.920, Франција со 26.643, Бразил со 11.980, Блегија со 8.761, Германија со 7.676, Иран со 6.733, Холандија со 5.510, Канада со 5.049 и Кина со 4.633 починати.
Земји од светот со повеќе од 1.000 смртни случаи се:
Турција (3.894), Мексико (3.573), Шведска (3.313), Индија (2.408), Еквадор (2.327), Русија (2.116), Перу (1.961), Швајцарија (1.867), Ирска (1.488), Португалија (1.163), Индонезија (1.007) и Романија (1.002)."
Ковид-19 за првпат се појави во декември минатата година во кинескиот град Вухан и се рашири во повеќе од 200 земји и региони од светот.
Од заразеност со новиот тип на коронавирусот оздравеа 1.555.092 заболени, а во тек е лекување на 2.463.635 пациенти.