İdris Sülün
24 Јуни 2021•Ажурирај: 25 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Научниците тврдат дека е рано да се каже дали новата варијанта „Делта плус“ на Ковид-19 претставува значителна закана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), Министерството за здравство на Индија соопшти дека варијантата „Делта плус“, позната и како „АЈ.1“, се шири полесно од другите варијанти, полесно се врзува за белодробните клетки и е отпорна на третман со антитела.
Доколку има докази дека варијантата за која се претпоставува дека е мутирана, исполнува барем еден од критериумите како што се полесно и побрзо пренесување, потешка болест и има отпорност на антитела, таа се класифицира како „варијанта на загриженост“.
Сепак, некои научници кои ја истражуваа класификацијата на варијантата „Делта плус“ како „варијанта на загриженост“, истакнаа дека нема податоци што би докажале дека варијантата за која станува збор е позаразна или потешка од другите варијанти.
Вирусологот д-р Гадандип Канг, наведувајќи дека нема податоци за да се докаже точноста на тврдењата изнесени во врска со новата варијанта, рече дека се потребни биолошки и клинички информации за да се разбере дали новата варијанта е загрижувачка.
Индиското Министерство за здравство соопшти дека варијантата „Делта плус“, која за првпат е детектирана во април, е откриена кај приближно 40 лица во три држави во Индија и дека е детектирана во уште девет земји (САД, Велика Британија, Португалија, Швајцарија, Јапонија, Полска, Непал, Русија и Кина).