Hüseyin Burak Demirer
25 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Кошаркарите Алекс Лен и Џабари Паркер, членови на тимот на Сакраменто Кингс кој се натпреварува во американската Националана кошаркарска лига (НБА), се позитивни на тестот на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на НБА се вели дека Лен и Паркер биле тестирани на коронавирусот и дека резултатите биле позитивни.
Екипата на Сакраменто Кингс се наоѓа на 11. место во Западната конференција на НБА.
Натпреварувачката сезона во НБА која беше прекината поради Ковид-19, се очекува да продолжи на 31 јули во спортскиот комплекс ЕСПН „Вајд ворлд“ во градот Орландо, во американската сојузна држава Флорида.