Serhat Bağbars
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ЊУЈОРК (АА) - Еден од најдобрите кошаркари во американската НБА лига, Џејмс Харден, го продолжи договорот со тимот „Houston Rockets“ Хјустон Рокетс за уште четири сезони, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на Рокетс потврди дека нападот на таа екипа и во наредните четири сезони ќе го предводи Харден.
Иако од клубот не ги открија финансиските детали на новопотпишаниот договор, американските медиуми пишуваат дека Харден за четири сезони ќе добие 228 милиони долари.
Сопственикот на клубот, Лесли Александар, изрази задоволство поради продолжувањето на договорот со 27-годишниот Харден, за кого рече дека е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата досега.
И самиот Харден се огласи по потпишувањето на договорот и порача дека ќе продолжи внимателно да работи, заедно со соиграчите да се избори за титулата прваци во НБА лигата.
Харден минатата сезона оствари просек од 29,1 коша, 11,2 асистенции и 8,1 скокови по натпревар.