Recep Şakar
09 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
МЕЛБУРН
Премиерката на Нов Зеланд Јацинда Ардерн изјави дека во нејзината земја веќе 100 дена, поточно од 1 мај, кај домашното население не е забележан ниту еден новоразазен со коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ардерн, говорејќи за Радио Нов Зеланд, рече дека веќе 100 дена нема ширење на коронавирусот во земјата, но предупреди дека успехот кој го оствариле не ја намалува заканата од вториот бран на Ковид-19.
„Да, 100 дена многу значаен временски период, но тоа не го намалува ризикот. Се додека епидемијата расте во светот, ризикот секако ќе постои", рече Ардерн.
Појасни дека сите активни случаи на Ковид-19 во Нов Зеланд се поврзани со странство и порача дека земјата и понатаму внимателно управува со своите граници. Ардерн го повика населението на внимание.
Нов Зеланд на 25 март воведе многу остри мерки против ширењето на коронавирусот, вклучувајќи ја едномесечната вонредна состојба и забрана за излегување на улица, освен за итни случаи.
Ардерн на 27 април изјави дека нејзината земја го совлада Ковид-19.
Ешли Блумфилд, директорот на Заводот за јавно здравство на Нов Зеланд, рече дека во последните четири дена се направени 16.000 тестирања на Ковид-19 и не е забележан ниту еден нов случај на заразување.
Во Нов Зеланд од почетокот на епидемијата направени се околу 500.000 тестирања, вирусот е потврден кај 1.569 лица, од кои 1.524 оздравија, а починаа 22 лица. Момнтално се активни 23 случаи, а сите се поврзани со странство.