Ali Cura
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 14.931, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 887.536, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.189 нови случаи на заразеност, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 887.536.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 77 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 14.931.
Оздравеа уште 3.215 лицa, со што вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 693.422.
Во Русија направени се над 30 милиони и 300 илјади тестирања за Ковид-19.