Emre Aytekin
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
АНКАРА
Како последица на заразувањето со новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.204 лицa, во Индија 983, а во Мексико 625, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 1.204 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 112.304 лицa.
Во земјата се откриени 45.323 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи коронавирусот порасна на 3.501.975.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.653.407.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 983 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 54.849.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 68.898 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 2.905.823.Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 2.158.946 лица.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 625 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 59.106.
Во Мексико се откриени 6.775 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 543.806.
Досега во земјата оздравеа 371.638 лица.