Büşra Selvi Öğütcen,Sinan Doğan
25 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 565 лицa, во Индија 848, а во Мексико 320, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 565 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 115.309 лицa.
Во Бразил дијагностицирани се 17.078 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи коронавирусот порасна на 3.622.861.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.778.709.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека како последица на Ковид-19 во последните 24 часа во земјата починале уште 848 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 58.390.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 3.167.323, со зголемување од 60.975 во последните 24 часа.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 2.405.585 лица, заразени со коронавирусот.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 320 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 60.800.
Во Мексико се откриени 3.541 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот во земјата се искачи на 563.705.
Досега во Мексико оздравеа 389.124 лица заразени со Ковид-19.