Büşra Selvi Öğütcen
14 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.136 лицa, во Бразил 415, а во Мексико 217, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 1.136 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 79.722.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 92.071 случај со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 4.846.427.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 3.780.107 лица.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 415 лицa, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 131.625 лицa.
Во земјата се откриени 14.768 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот порасна на 4.330.455.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.573.958.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 217 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 70.821.
Во Мексико се откриени 4.408 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 668.381.
Досега во земјата оздравеа 471.623 лица.