Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
05 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.240 лица во Бразил, 136 во Мексико, 93 во Аргентина, 162 во Колумбија, 252 во Перу, 120 во Чиле, 27 во Еквадор и 27 во Парагвај.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.240 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 331.433.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 31.359, така што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.984.956.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 11.357.521 лице претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 136 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.263 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 204.147 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.250.458, а досега оздравеа 1.788.209 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 93 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 56.199. Во истиот период детектирани се 9.955 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.393.492.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.140.480 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 13. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 162 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 64.094.
Во последното деноноќие детектирани се 9.022 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.446.219. Во оваа земја досега оздравеа 2.317.564 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 252 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.860 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.582.367, од кои починаа 52.877 лица, а оздравеа над 1.500.582 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 120 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 23.644.
Во истиот период регистрирани се нови 7.304 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 1.026.785, а оздравеа вкупно 958.400 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 27 смртни случаи, вкупно 16.956 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 2.506 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 335.681.
Досега во Еквадор оздравеа 290.314 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 55 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 1.814 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 221.207, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 4.399.
Досега оздравеа 181.949 лица позитивни на коронавирусот.