Ali Cura
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
МОСКВА (АА) - Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во Русија е детектиран кај 927.745 лица, додека овој вирус е причина за смртта на 15.740 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 4.892 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 927.745.
Последните 24 часа во земјата животот го загубија 55 лица, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 15.740. Во истиот период оздравеа 3.133 лица, вкупно 736.101 од почетокот на пандемијата.
Процентуално, растот на новооткриени случаи на коронавирус во Русија забележува раст од 0,5%. Кај 26,1% од новите случаи кај кои е детектиран коронавирусот не се забележани класични симптоми што ги предизвикува вирусот.
Последните 24 часа во Москва забележан е раст од 690 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број на заразени на 253.064, додека бројката на починати е зголемена на 4.666, од кои 10 во последните 24 часа.
Руската служба за заштита на јавното здравје и потрошувачките права информираше дека во последното деноноќие извршени се 230.000 тестирања, вкупно 32.700.000 о почетокот на пандемијата.