Barış Seçkin
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
РИМ (АА) – Во Италија, симболот на Рим, историскиот објект Колосеумот, повторно ги отвори вратите за посетителите по карантинскиот период што се спроведуваше поради епидемијата од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Колосеумот е изграден помеѓу 72 и 80 година за време на Римската Империја. Моментно е едно од најпосетуваните места во Италија. Вратите за посетителите ги отвори по карантин од 84 денови.
На влезот на историската зграда во рамките на мерките преземени против Ковид-19 поставени се уреди за мерење на телесната температура на посетителите.
Исто така, тие што ќе го посетат Колосеумот задолжително ќе треба да носат маски.
Античкиот римски град (Форум Романо) исто така е отворен за посетители.
Колосеумот, чие вистинско име е Амфитеатар Флавиј, стана еден од најпосетуваните локации во Италија. Во 2019 година беше домаќин на 7,5 милиони туристи.