РИМ (AA) - ЕЏЕНУР ЧОЛАК - Есма Белфакир, адвокатски приправник, којашто беше избркана од судницата од страна на судијата Џанкарло Моѕарели, поради носење шамија во Болоња, Италија, ја истакна потребата од заштита на верските слободи, велејќи: „Многу е лошо да се слушне дека судијата го направи тоа во име на културата и традицијата. Јас бев таму за да ја научам работата. Бев таму за да видам како треба да се спроведе правдата, а не да бидам понижена поради мојата религија“.
Адвокатскиот приправник Белфакир е родена во Мароко. Таа беше отстранета од страна на судијата од окружниот административен суд во Болоња, поради носење шамија. Белфакир ја објасни ситуацијата на АА:
„Влегов во судницата со други адвокати вклучени во случајот. Судијата рече: „Дали ќе го тргнете тоа?“. Не ни го употреби зборот шамија, дури не ме ни погледна. Мислев дека му зборува некому да го соблече палтото. Не можев ниту да замислам дека ќе ми каже такво нешто.“
Белфакир изјави дека ја разбрала ситуацијата кога го погледнала судијата, и дека се налутила многу и го прашала судијата „Дали зборувате за шамијата?“ „Да, ако сакате да останете во судницата, треба да ја тргнете“, одговорил судијата. Таа не ја отстранила шамијата и ја напуштила судницата.
- „Не бев таму за да бидам понижена поради мојата религија“ -
„Кога ја напуштив судницата го слушнав гласот на судијата кој рече дека тоа било важно за нивната култура и традиција. Беше многу лошо да се слушне дека судијата го стори тоа во име на културата и традицијата. Јас бев таму за да ја научам работата. Бев таму, за да видам како треба да се спроведе правдата, а не да бидам понижена поради мојата религија“, рече Белфакир.
Белфакир сподели дека слушнала многу работи во врска со работниот стил на судијата и личните мисли. Исто така, некои од нејзините поддржувачи на социјалните мрежи напишале коментари дека „ако е отстранета таа во овој случај, тогаш и монахињите не треба да бидат присутни во судницата“.
Eсма Белфакир истакна: „Сигурна сум дека судијата никогаш нема да посака такво нешто, бидејќи монахињите не ја понижуваат културата, како јас што ја понижувам“.
Белфакир изјави дека понекогаш сака да го заборави тоа и да тргне по нов пат, но додава дека има неправда во средината и дека е потребно да се бори против тоа преку знаењето, што претставува најмоќното оружје.
Таа нагласи дека судијата треба да знае зошто носи шамија и дека не може да влијае на неговите професионални квалификации.
„Еден ден, ако станам адвокат или судија, не сакам бидам дискриминирана. Нема да ја отстранам шамијата. Не можам да им помогнам на моите клиенти да ги бранат своите права, кога никој не ги штити моите права. Во таа смисла, неопходно е да се заштитат луѓето и верските слободи“, рече таа.
- „Ние, муслиманките не сме сами“ -
Белфакир доби многу пораки за солидарноста на луѓето од различни земји, како и од Италија и Турција. Сепак истакна дека сè уште е многу лута, но поддршката за неа е многу значајна.
Таа истакна дека денови по настанот, сè уште има такви кои праќаат смс пораки, електронски пораки и кои се јавуваат по телефон. „Сите оние кои ми дадоа поддршка, еден страшен ден го претворија во многу убаво сеќавање. Јас не сум осамена. Ние, муслиманките, не сме осамени. Организациите, здруженијата, професионалните организации, политичарите, академиците, италијанската исламска заедница и секуларните движења, ме поддржаа“, рече таа.
news_share_descriptionsubscription_contact
