Bedrudin Brljavac
28 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
МИНХЕН (AA) - Пандемијата на коронавирусот влијае на речиси сите животни сфери, па така и на фудалот, а првиот оперативец на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге смета дека светскиот фудбал би можел да претпри несогледиви последици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Никој со сигурност не може точно да каже што понатаму не чека и како оваа криза ќе влијае на фудбалот во идните недели, месеци и години. Последиците ќе бидат големи и тоа веќе сега е јасно. Фудбалот ќе се смени. Поради тоа одлучивме сите планови за купување нови играчи за сега да ги блокираме и да ги ставиме на чекање", рече Муненинге за германските медиуми.
Истакна дека сигурно ќе се намалат и платите на фудбалерите во наредниот период.
„Веќе сега можам да предвидам една работа. Висината на оштетата и платите во Европа драстично ќе се сменат и ќе мора да се ревидираат. Купувањето и продажбата ќе се воедначат на пазарот", рече Руменинге.