Yusuf Özcan
28 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
ПАРИЗ (AA) - Резултатите на анкетата спроведена во Франција покажаа дека значителен дел од јавноста смета дека новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), кој се појави во Кина, е произведен во лабораторија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според резултатите на анкетата на Институтот за јавни истражувања (IFOP), 57 отсто од испитаниците сметаат дека Ковид-19 се појавил по природен пат, додека 26 отсто сметаат дека коронавирусот е произведен во лабораторија.
Исто така, анкетата покажа дека дури 40 отсто од симпатизерите на Националниот собир (RN), крајно десничарска партија, веруваат дека Ковид-19 е „плански" произведен во лабораторија.
Од друга страна, како што наведува „France Info", Франција од Кина нарачала милијарда маски за лице.
Во Франција досега со коронавирусот се заразени 32.964 лица, додека од последиците на заразувањето починаа 1.995 лица.