Ali Cura
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, вкупниот број на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми на 272.043, а вкупниот број на починати на 2.537, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа бројот на случаи со Ковид-19 е зголемен за 9.200, со што вкупната бројка достигна 272.043.
Од почетокот на мај, бројката на регистрирани случаи е околу 10.000. Вкупниот број на починати во последните 24 часа се зголеми за 119, со што вкупната бројка се искачи на 2.537.
Во последните 24 часа, билансот на излекувани се зголеми за 4.940, со што вкупната бројка достигна 63.166.
Епицентарот на Ковид-19 во Русија е Москва, каде што се заразени 138.956 лица, додека како последица на вирусот Ковид-19 починаа 1.432 лица, со зголемување од 74 во последното деноноќие.
Во Москва вирусот Ковид-19 го победија вкупно 26.032 лица.
Во соопштението се наведува дека околу 259.000 лица се наоѓаат под здравствен надзор, и дека досега направени се повеќе од 6.600.000 тестирања за коронавирусот.
Во соопштението издадено од државната компанија за нуклеарна енергија „Росатом“, се наведува дека кај 403 вработени е регистриран коронавирусот, а дека 8 вработени починале.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан од вирусот.
Со Ковид-19 се заразени и неколкумина високи руски официјални претставници, меѓу кои и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, и премиерот Михаил Мишустин.