Ali Cura
15 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 15.617, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 917.884, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.061 нов случај, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи на Ковид-19 во Русија се зголеми на 917.884.
Во последните 24 часа, Ковид-19 е причина за смртта на уште 119 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 15.617.
Оздравеа уште 6.447 лицa, а вкупниот биланс на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 729.411.
Во Русија направени се над 32,2 милиони тестирања за Ковид-19.