Islam Uddin
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
АНКАРА
Австралија денес пријави уште еден случај на Омикрон, новопојавената варијанта на коронавирус, со што бројот на потврдени случаи се искачи на три, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новиот случај е потврден во државата Северна Територија кај патник кој пристигнал во градот Дарвин од Јоханесбург, Јужна Африка минатата недела, објави телевизискиот канал „Скај Њуз Австралија“.
„Денес можам да потврдам дека геномското секвенционирање покажа дека човекот ја има Омикрон варијантата на коронавирусот“, телевизискиот канал ја цитираше Наташа Фајл, министерката за здравство на Северна Територија.
Во неделата, Австралија ги пријави своите први два случаи на новата варијанта во Сиднеј, што ја натера владата, на две недели да ги забрани пристигнувања од неколку африкански земји, вклучително Јужна Африка, Намибија, Зимбабве, Боцвана, Лесото, Есватини, Сејшели, Малави и Мозамбик.
По откривањето на случаите на заразување со новата варијанта во земјата, премиерот Скот Морисон повика на итен состанок на Комитетот за национална безбедност за да се разгледа моменталната ситуација.
„Да не заборавиме дека не сме во ситуацијата во која бевме во првата половина на 2020 година. Имаме вакцинирани 86,7 отсто од населението“, изјави Морисон за локалната телевизија „Севен Њуз“.
„Веќе имавме 13 други видови кои беа претставени. Ова не е прв од новите соеви што ги видовме, а доказите до денес не сугерираат дека станува збор за потешка форма на вирусот“, рече тој, додавајќи дека сè уште нема докази што укажуваат на прашања за неговата преносливост или влијанието врз сегашните вакцини.
Властите ги советувала сите 260 патници и членови на екипажот кои излегоа од авионот да се самоизолираат, истакна Морисон.
Австралија е една од неколкуте земји што ги затвори своите граници за оние кои доаѓаат од голем број јужноафрикански земји, поради стравувањата од новата варијанта.
Оваа недела, јужноафриканските научници објавија дека ја откриле варијантата Омикрон, која има неколку мутации и може да претставува ризик од повторно заразување. Новата варијанта првпат беше откриен во соседна Боцвана на 11 ноември, а подоцна и во Хонг Конг.
Светската здравствена организација во петокот ја прогласи за „варијанта на загриженост“, нарекувајќи ја Омикрон.