Ali Cura
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 16.383, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 956.749, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 4.852 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 956.749.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 73 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 16.383.
Оздравеа уште 3.162 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 770.639 лица.
Во Русија направени се над 34,4 милиони тестирања за Ковид-19.