Mahmut Geldi
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
БЕЈРУТ (АА) - Либански Хезболах соопшти дека срушил беспилотно летало на Израел кое го прекршило воздушниот простор во јужниот дел на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Хезболах, срушено е беспилотно летало на Израел кое летало над местото Ајта еш Шаб во градот Небатије, во јужен Либан.
Во соопштението се вели дека припадниците на Хезболах ги откриле остатоците на беспилотното летало.
Израелската страна сè уште не се огласи во врска со тоа.
Израелските беспилотни летала, воените авиони и воените бродови често ги прекршуваат границите на Либан, додека либанските власти во секоја прилика поднесуваат жалби до Обединетите нации (ОН) поради овие прекршувања.
Од друга страна, либанскиот премиер Хасан Дијаб во јуни истакна дека Израел во 2019 година извршил 2.290 прекршувања на либанските граници, додека во првите пет месеци од 2020 година, Израел 250 пати ја прекршил либанскиот суверенитет.