Nuri Aydın,Gökhan Varan
25 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот заразени се 99.782.634 лица, а оздравени се 71.771.788 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на вирусот починаа 2.139.214 лица.
Во светот моментално се 25.870.426 активно заразени лица, од кои 110.503 се во тешка состојба.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со 25.702.125 заразени и 429.490 починати.
Коронавирусот се појави кон крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.