Burak Bir,Gözde Bayar
30 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство денес изјави дека стапката на точност на комплетите за тестирање на Ковид-19 во земјата е над 90 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се на прес-конференцијата по состанокот на Научниот советодавен одбор за коронавирусот во земјата, Фахретин Коџа, соопшти дека бројот на нови случаи се намалил за 15 отсто во десетте дена по празникот Рамазан бајрам, поради преземените строги ограничувања.
„Треба добро да го искористиме времето и да преминеме кон вториот бран на вирусот што светот го очекува“, рече Коџа, нагласувајќи дека ризикот продолжува.
Тој истакна дека можно е Турција да развие вакцина во првиот квартал од следната година.
„Турција е во контакт со Кина и Русија за вакцината за Ковид-19 и внимателно ги следи случувањата и соработките“.
Турција досега регистрираше 227.982 случаи на коронавирусот, 211.561 оздравени и 5.645 смртни случаи.