Yusuf Okur
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
АРТВИН
Со налог на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, а во координација со потпретседателот Фуат Октај, Министерството за надворешни работи на Турција во рамките на активностите за враќањето на своите државјани од земјите во светот, лицата што ќе пристигнат од Северна Македонија ќе ги смести во турскиот град Артвин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Артвин Јулмаз Дорук ги разгледа просториите на студенстскиот интернат Чорух во подрачјето на Артвин каде 14 дена во карантин ќе ги минат турските државјани што во сопствената земја се враќаат од Северна Македонија.
Дорук по разгледувањето на објектот даде изјава за АА во која потсети дека поради пандемијата на новиот тип на коронавирусот што го зафати светот, Турција плански ги враќа своите државјани во матичната земја.

Според последниот план, од 25.000 што треба да се вратат во земјата, 289 лица од Северна Македонија 14 дневниот период на карантин ќе го поминат во Артвин.
„Нашата област ќе биде домаќин на 289 турски државјани што ќе пристигнат од Северна Македонија. Поради пандемијата, 14 дена на безбеден начин ќе бидеме нивни домаќини. По 14 дневниот карантин и според резутатите од тестирањето на Ковид-19, здравите лица ќе ги испратиме во нивните домови“, изјави гувернерот Дорук.
Истакнувајќи дека студентскиот дом во кој ќе бидат сместени турските државјани се направени сите подготовки, гувернерот Дорук посочи: „Тука ќе ги пречекаме на најдобар можен начин. Студентскиот дом е чист и подготвен да ги задоволи сите потреби на нашите државјани што ќе престојуваат во него, а тука се и погледот на градот Артвин и погледот на браната Деринер, која е најголемата брана во Турција.“