Müzahim Zahid Tüzün
26 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
КАЈСЕРИ (АА) - Откако се излечија од коронавирусот, Исмаил Хаки Акбејаз и неговата сопруга, Беркин Акбејаз, од Турција, и двајцата лекари, по 70 дена повторно го прегрнаа своето дете, а тој емотивен момент беше забележан со камера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лекарите од 11 март морале да живеат одвоено во друга куќа откако дознале дека се заразени со вирусот.
Откако ја победија болеста, по речиси два и пол месеци, тие повторно пристигнале дома, каде што ги чекал нивниот двегодишен син Омер Берктен.
Тој емотивен момент, снимен со мобилен телефон, привлече големи симпатии и на социјалните мрежи.