Mehmet Tosun
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција е потврдено дека во текот на изминатите 24 часа починале 87 лица, сo што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 812, а излекувани се 1.846 пациенти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет страницата на турското Министерство за здравство, во изминатите 24 часа регистрирани се 4.117 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка во земјата се зголеми на 38.226.
Денес во Турција, според Министерството за Здравство извршени се 24.900 теста за Ковид-19.
- Во последните 24 часа починаа 87 пациенти, 264 пациенти се излекувани -
Според податоците на веб страницата на министерството, вкупниот број извршени тестови за Ковид-19 изнесува 247.768, вкупниот број дијагностицирани е 38.226, вкупниот број смртни случаи е 812, додека бројот на пациенти на интензивна нега 1.492. Вкупниот број на интубирани пациенти е 995, а вкупниот бројот на излекувани пациенти е 1.846.
- „Нашиот успех зависи од изолацијата“ -
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, во објава на Твитер истакна дека денес се излекувани уште 264 од Ковид-19.
„Бројот на пациенти на интензивна нега и интубирани пациенти е во тенденција на опаѓање. Нашиот успех зависи од изолацијата. Вирусот својот замав го добива при контакт. Да не му дадеме таква можност на вирусот. Да останеме дома“, нагласи Коџа.