Burcu Çalık Göçümlü
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 176.965, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 49.714 тестирања за Ковид-19, од кои 1.186 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа почина уште 17 лицa како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.543 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 3.483.677 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 202.284 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.167 лица.
На интензивна нега се наоѓа 1.067 лицa, 372 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 176.965 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Во Бурдур и Ѓумушхане веќе 2 дена нема нови случаи. Петте области каде има најмногу случаи се следни: Истанбул, Анкара, Газиантеп, Коња и Бурса“, напиша Коџа.