Yıldız Aktaş
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 7.089 лица, пренесува Агенцина Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 40.427 тестирања за Ковид-19, од кои 4.801 лицe e позитивнo на Ковид-19.
Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 125 лица како последица на оваа пандемија, додека уште 1.415 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Во Турција извршени се вкупно 518.143 тестирања, откриени се вкупно 74.193 случаи, додека починаа вкупно 1.643 лица поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.854 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 1.040, додека вкупно излекувани се 7.089 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Ја постигнавме целта за 40.000 тестирања на ден. Растот во бројот на откриени случаи остана на предвидливо ниво. Имаме две сили, тоа се мерките и лекувањето. Да ги искористиме нашите сили“, напиша Коџа.