Dilan Pamuk
12 Јуни 2021•Ажурирај: 12 Јуни 2021
АНКАРА
Турција вчера администрира повеќе од 597.600 дози вакцини против коронавирусот, соопшти рано утрово турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коџа истакна дека во последните 24 часа аплицирани се 597.647 дози.
Тој им се заблагодари на здравствените работници кои работат во доцните часови и на граѓаните на Турција за почитувањето на распоредот за вакцинирање.
„Вакцинација, пожртвуваност, планирање: Ги имаме сите три, сè е добро“, напиша Коџа на Твитер.
Земјата има аплицирано над 32,8 милиони дози откако ја започна масовната кампања за вакцинација во јануари, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
За да се ограничи ширењето на вирусот, Турција во моментов спроведува полициски час од 22 часот до 5 часот наутро од понеделник до сабота, и целосен карантин во неделите.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година, пандемијата зеде над 3,78 милиони животи во 192 земји и региони во светот, а регистрирани се над 175,1 милион случаи.