İsmet Karakaş
10 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
АНКАРА
Турција денес ѝ испрати на Велика Британија медицинска помош во борбата против новиот тип коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воен карго-авион, во кој се наоѓаат маски, заштитни одела и тестови, полета од воениот аеродром „Етимесгут“ во Анкара. Помош до Велика Британија би требало да биде испратена и утре.
Турција претходно испрати помош и на Шпанија, Италија, Северна Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово.
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, соопшти дека во таа земја од Ковид-19 починале 7.978 лица.
Податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека во Велика Британија со новиот тип коронавирус Ковид-19 се заразени 65.872 лица.