Seda Sevencan
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Уште една турска болница денеска се вклучи во испитувањата на кинеската вакцина против Ковид-19 во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Главниот координатор на Градската болница во Анкара, д-р Азиз Ахмет Сурел, беше меѓу првите волонтери на кои им беше дадена доза од вакцината.
„Оваа болница е втора во Анкара што учествува во напорите кои исто така се одвиваат во болниците во Истанбул, како и во северозападната област Кочаели“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Во него се додава дека Турција учествува во клиничките активности поврзани со вакцините произведени во различни земји и го достигнале нивото на Фаза 3 во испитувањата на луѓе.
„Вакцинацијата е единствената надеж да се стави крај на епидемијата на вирусот. Кога ќе се развие вакцината, и нашето општество и остатокот од светот ќе имаат сериозна заштита“, изјави Сурел.
„Нашата болница е една од синџирот во процесот на тестирање на вакцина која сега достигна фаза на тестирање врз луѓе“, додаде тој.
Доброволни испитувања за вакцини се спроведуваат во 25 центри низ Турција. Доколку испитувањата во Фаза 3 се успешни, се очекува вакцината да биде подготвена за употреба на почетокот на 2021 година.
Ковид-19, кој од декември мината година се прошири во 188 земји и региони низ светот, одзеде над милион животи. САД, Индија и Бразил во моментот се најлошо погодени земји.
Во светот се потврдени над 35,85 милиони случаи, а бројот на оздравени лица надмина 25 милиони, според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.