Can Erözden
28 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Четири лица од англиската Премиер лига се позитивни на тестирањата за новиот вид коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Премиер лигата денес може да потврди дека во понеделникот, 25 мај, и вторникот, 26 мај, 1.008 фудбалери и персоналот на клубовите се тестирани за Ковид-19. Од нив, четири лица од три клуба беа позитивни“, соопштија организаторите на Лигата на својата веб-страница.
Од Премиер лигата додадоа дека позитивните случаи ќе бидат во седумдневна самоизолација.
Имињата на лицата позитивни на вирусот не беа откриени.
Во мај, осум лица беа позитивни на вирусот.
Во Велика Британија бројот на смртни случаи од коронавирусот порасна на 37.460, со 412 починати лица во изминатите 24 часа.
Според податоците на Министерството за здравство, во земјата во последното деноноќие регистрирани се 2.013 нови случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи е зголемен на 267.240. Во текот на последните 24 часа во Велика Британија направени се 117.013 тестирања за Ковид-19, со што вкупната бројка на спроведени тестови низ целата земја се зголеми на 3.798.490.