Erbil Başay
28 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
БЕРЛИН (АА) - Во текот на минатата година во Германија е извршени 871 напад против муслиманите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Osnabrücker Zeitung“, во одговорот на Владата на Германија за апелацијата на Левичарската партија се наведува дека во 2019 година биле регистрирани 871 напад врз муслиманите и на нивните институции и организации.
Во одговорот се наведува дека во антиисламските напади минатата година загинале 2 лица, додека повредени биле 33 лица.
Пратеничката од редовите на Левичарската партија, Ула Јелпке, истакна дека претпоставува оти оваа бројка на антиисламски напади ќе се зголеми меѓу 10 и 90 откако ќе се соопшти конечната бројка на напади.
Јелпке рече дека омразата кон муслиманите се открива преку заканите, нападите и навредите извршени кон муслиманите.
Инаку, Министерството за внатрешни работи на оваа земја соопшти дека во 2018 година биле извршени 910 антиисламски кривични дела.