Yusuf Özcan
10 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.979 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 621 нов случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 205.246.
Исто така, во последните 24 часа починаа уште 14 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 29.979.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 7.177 лица, од кои 512 се наоѓа на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 174 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 78.170.