Barış Seçkin
09 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
РИМ
Италија донесе забрана за влез и транзитен премин на патници од 13 земји поради состојбата со коронавирусот (Ковид-19). Меѓу 13-те земји е и Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Италија се нагласува дека донесена е забрана за влез во Италија и транзитен премин преку оваа земја за патниците кои во последните 14 дена доаѓаат или транзитно преминуваат од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перку и Демониканска Република.
Исто така, сите летови од и во овие земји се запрени се додека да се обезбеди здравствена заштита од соодветно ниво.
Во Италија досега починаа 34.926 лица поради Ковид-19.