Yusuf Özcan
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 18.681 лицe, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации на прес-конференција ги соопшти Жером Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција.
Тој нагласи дека во последните 24 часа кај 3.914 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 168.241.
Саломон информираше дека во болниците се лекуваат 31.190 лица, од кои 6.027 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 34.420.
Според него, во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 761 лицe поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 18.681, од кои 11.478 лица починале во болници, и 7.203 во домовите за стари лица.