Nuri Aydın
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
АНКАРА
Бројот на починати лица новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 150.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 150.603 лица во светот починаа од овој вирус, додека бројот на случаи со Ковид-19 во светот се искачи на 2 милиони 227 илјади и 38 лица.
Најголем број на смртни случаи поради Ковид-19 се регистрирани во САД, каде починаа 35.481 лица.
По САД, следуваат Италија со 22.475 починати, Шпанија со 19.478 починати, Франција со 17.920 починати, Велика Британија со 14.576 починати, Белгија со 5.163 починати, Иран со 4.958 починати, и Германија со 4.193 починати.
Во Кина, каде за прв пат се појави овој вирус, починаа 4.632 лица.
Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни: „Холандија (3.459 починати), Бразил (1.956 починати), Турција (1.769 починати), Шведска (1.400 починати), Швајцарија (1.325 починати) и Канада (1.252 починати)“.
Од Ковид-19 во светот се излекувани 563.696 лица, додека 1 милион 512 илјади и 739 се во процес на лекување.