Yusuf Özcan
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.965 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за јавно здравје на Франција истакна дека во последните 24 часа детектирани се 663 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка заразени достигна 204.625.
Во земјата во последните 24 часа починаа уште 32 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 29.965.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 7.297 лица, од кои 529 пациенти се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 331 лице, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 77.996.
Бројот на пациентите на интензивна нега се намалува 91 ден последователно.