Nuri Aydın
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 12 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 заразени се 12.002.132 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со овој вирус досега заразени се 3.099.095 лица.
По САД следуваат Бразил со 1.674.655 откриени случаи, Индија со 753.354 случаи, Русија со 700.792, Перу со 309.298, Чиле со 301.019, Шпанија со 299.210, Велика Британија со 286.979, Мексико со 268.008, Иран со 248.379, Италија со 241.611, Пакистан со 237.489, Саудиска Арабија со 220.144 и Јужноафриканската Република со 215.855 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 207.897 лица.
Земји каде што бројот на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
Германија (198.561), Бангладеш (172.134), Франција (168.810), Колумбија (124.494), Канада (106.167), Катар (101.553), Кина (83.572), Аргентина (83.426), Египет (77.279), Шведска (73.344), Индонезија (68.079), Ирак (67.442), Белорусија (64.224), Еквадор (63.245), Белгија (62.123), Обединети Арапски Емирати (53.045), Кувајт (52.007), Холандија (50.746), Украина (50,414) и Оман со (50.207).
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 547.834 лица, а досега излекувани се вкупно 6.946.914 лица.