Yusuf Özcan
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 27.529 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 942 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 215.632.
Во болниците се лекуваат 19.861 лице, од кои 2.203 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 892 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 60.448.
Во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 104 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 27.529, од кои 17.342 лица починале во болници, и 10.187 во домовите за стари лица.
Од друга страна, Министерот за здравство на Франција, Olivier Veran, истакна дека ќе осигурат поддршка од вкупно 22 милиони евра за 45 различни проекти со цел вршење на истражување во врска со Ковид-19.