Kasım İleri
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Во американската сојузна држава Флорида се сруши воен авион од типот „F-22 Raptor“ при Воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Воениот авион од типот „F-22 Raptor“ е еден од најразвиените авиони во инвентарот на САД.
Се истакнува дека овој авион се сруши извесно време по полетување за лет за обука од воздушната база Еглин во Флорида.
Според соопштеното, пилотот на авионот успеал да се катапултира и спаси.
Започната е истрага за откривање на причината на рушењето на овој авион кој се сруши на растојание од 19 километри од базата од каде полета.
Цената на еден aвион од типот „F-22“ изнесува 150 милиони долари. Овој авион е најскап во инвентарот на американската војска.
САД овие авиони не ги продава на други земји.