Yusuf Özcan
16 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
ПАРИЗ (АА) - По намалувањето на бројот на нови случаи со Ковид-19 во Франција, од утре се укинува задолжителното носење маски на отворено, освен во некои случаи, додека ноќниот полициски час ќе биде укинат од 20 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Жан Кастекс, на прес-конференцијата што ја одржа по состанокот на Владата истакна дека просечниот дневен број на случаи за последните седум дена е намален на 3.200.
Подвлекувајќи дека нема загриженост во однос на епидемијата во кој било регион во Франција, Кастекс потсети дека до денес со прва доза вакцинирани се повеќе од 30 милиони луѓе.
„Ситуацијата со епидемијата во земјата се подобрува побрзо отколку што се надевавме“, рече Кастекс.
Истакнувајќи дека задолжителното носење маски на отворено од утре ќе биде укинато, освен на места каде што има метеж, и на стадионите и пазарите, Кастекс рече дека е потребно да се продолжи со носење маски во затворени места.
Кастекс соопшти дека полицискиот час воведен помеѓу 23:00 и 6:00 часот ќе биде укинат на 20 јуни, наместо на 30 јуни.
Жан Кастекс исто така додаде дека имаат за цел да администрираат две дози вакцина на 35 милиони луѓе до крајот на август.